Правила и Услови на користење

Добредојдовте на CHAIRS.MK – веб страница за онлајн продажба на канцелариски столици , со нeјзино користење Вие се согласувате со Условите на користење и купување кои се детално дефинирани подолу.
Ве молиме прочитајте ги внимателно и доколку имате прашања контактирајте не.

ПОДАТОЦИ ЗА ДРУШТВОТО
Друштво за производство и трговија на мебел Фурнит СК ДООЕЛ експорт –импорт Скопје e сопственик на веб страната www.chairs.mk ( CHAIRSMK , ние , наше или нас ).
Седиште: Индустриска зона Визбегово Скопје
Телефон:078215921
Email: Info@chairs.mk

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И КУПУВАЊЕ
Се применуваат на сите содржини на веб страницата www.chairs.mk .
Се смета дека корисниците се запознаени со овие услови доколку го користат било кој дел од нашиот сајт, исто така корисниците прифаќаат дека користењето на нашиот веб е единствено за лична потреба и на негова сопствена одговорност. Воедно со користење на нашиот веб сајт се согласувате и со нашата Политика за приватност и заштита на лични податоци.
Ве молиме пред користење на нашите производи внимателно да ги прочитате следните услови , ние имаме право да ги измениме или дополниме условите во било кое време, со ажурирање на овој документ.
Секоја посета на нашиот веб сајт како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите.

Избор на начин за плаќања
Начинот на кој можете да ја платите нарачката е:
Во готово преку курирска фирма
Вирмански , со фактура
Плаќање со картичка директно на нашата страна (во изработка)

Испорака

Доставата е бесплатна за сите продукти на нашиот веб сајт www.chairs.mk .
Доставата се врши во рок од 2 до 7 работни дена низ цела држава од страна на доставна служба која врши достава на поштенски пратки реализирани преку електронска трговија.
Нашите произовди се доставуваат како готов производ во кутија и истите треба самостојно да ги монтирате по даден приказ и алати во самата кутија. Купувачот се обврзува да ги користи производите во согласност со нивната намена и строго да ги следи упатствата за монтажа кои се наоѓаат внатре во кутијата.
Одредени производи на нашата веб страна имаат продолжено време за испорака, пример за таков вид на производи се столици и мебели кои се изработуваат по порачка и желба на купувачот и се увезуваат исклучиво за барањата на клиентот. Испораката на овој тип производи е во рок од 15 до 35 работни дена зависно од барањата на купувачот.

Цени
Сите цени на www.chairs.mk се дадени со вкалкулиран ДДВ 18% .
Купувачот плаќа цени кои важат на датата на реализираната продажба или по други цени однапред договорени во писмена форма меѓу двете договорни страни.
Купувачот се согласува дека нашиот веб сајт www.chairs.mk може еднострано да ги менува објавените цени на производите, а промената стапува на сила веднаш по известување кое се смета дека е направено со објавување на новите цени на веб страната. Веќе потврдените порачки за испорака на производи се плаќаат по цени кои важат во моментот на потврдување на порачката.

Рекламации
Доколку сте пратиле нарачка, но робата не Ви е испорачана, Ве молиме да не контактирате:
info@furnit.mk
+389 78822156
Доколку сакате да ја откажете нарачката, контактирајте не или јавете ни се на телефон и доколку робата не е испорачана, истата ќе биде стопирана.
Доколку робата е веќе испорачана, трошоците за испорака ќе паднат на Ваш терет.

Реализирање на нарачка
При кликање на ПОТВРДЕНА НАРАЧКА, ќе ви се прикаже известување за успешно испраќање на нарачката. На e-mail адресата која сте ја посочиле при регистрација на сајтот, наскоро ќе ви пристигне потврда за нарачаните артикли. Откако ќе се евидентира вашата нарачка на телефон ќе ве исконтактира наш оператор кој работи во делот на интернет продажба за проверка на испораката. За сите дополнителни прашања можете да не контактирате:
info@chairs.mk
+38978215921
 
Заштита на приватност
Во име на ФУРНИТ СК ДООЕЛ се заложуваме дека ќе биде зачувана приватноста на сите наши клиенти. Ние ги собираме само потребните, основни информации за клиенти/корисници и информациите потребни за бизнис и за информирање на корисниците во согласност со добрите деловни навики и со цел да се обезбедат квалитетни услуги. Ние им даваме можност на избор на корисниците вклучувајки ја и одлуката за тоа дали сакаат да бидат избришани од e-mail базата кои се користат за маркетинг кампањи. Сите податоци за корисници/купувачи се строго доверливи и се достапни само на вработените кои имаат потреба со таквите информации да ги извршуваат своите должности. Сите вработени во ФУРНИТ (и бизнис партнери) се одговорни за усогласеност со принципите за заштита на приватноста.
 
Враќање на средства
Во случај на враќање на производите или враќање на средствата на купувачот кој претходно платил со одредена платежна картичка, делумно или во целост, без оглед на причината за враќање, ФУРНИТ СК ДООЕЛ е должна да го врати плаќања, што значи дека банката на барање на продавачот, ќе ги врати средствата на сметката на сопственикот на картичката.

Поврат на прозивод и рекламација

Купувачите се должни при прием на пратката да ја проверат содржината на пратката, дали некој производ е оштетен при транспорт и дали некој поризвод недостасува. Доколку е утврден дефект или недостаток на производот, ве молиме известете не веднаш, во рок од 24 часа по пристигнувањето на производот. Забелешките и рекламациите по временскиот период од 24 часа, нема да бидат прифатени.


Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.


Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, фабричките етикети, оригинал паковка, да не е монтиран како и фактурата која била издадена на потрошувачот заедно со производот.



Доколку во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот, chairs.mk нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право да побара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ. Во овој случај, средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето.


Вие се обврзувате да ги сносите трошоците за испорака на производот до потребната локација за враќање. Поврат на средства за вратени производи се врши по приемот на вратениот производ на назначената локација и по добивање на потврда за прием на вратениот производ. Средствата кои сте ги платиле за вратениот производ ќе ви бидат вратени на вашата трансакциска сметка во рок од 7 работни дена, освен доколку од оправдани причини не се пролонгира рокот.



Shopping Cart0

No products in the cart.